Јавен повик за учество на Школа за човекови права и младински активизам за припадници на немнозински заедници во РСМ
„Наши Права, наш Глас“
Легис веќе неколку години наназад, 1 годишно ја оддржува Школата за човекови права и младински активизам за студенти, припадници/чки на немнозинските заедници во Северна Македонија под слоганот „Наши Права, наш Глас“. Стотина млади, припадници на помалите етнички заедници од Северна Македонија имаа можност да учат за своите права, нивната примена и понатаму, комуницираат, волонтираат или прават свои акции станувајќи членови на младинската група на Легис –Legis Youth Voices.
Овогодинешната Школа за човекови права ќе се оддржи во „Хотел Скардус“ – Попова Шапка, од 27.04-30.04.2023 г. која финансиски е поддржана од страна на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците.
Целта на оваа Школа е да: Овозможи пристап на млади од помалите немнозински заедници до неформално образование со кое ќе го збогатат своето знаење за човекови права, Охридскиот рамковен договор и меѓународната легислатива.“
Право на пријавување и учество на Школата имаат сите Студенти од РСМ, припадници на немнозински етнички заедници на национално ниво/територија. Пријавените учесници треба да имаат познавање на англиски јазик заради учество на предавачи надвор од Северна Македонија. На Школата ќе предаваат и универзитетски професори/ки и, ментори со искуство во областа на Човековите права и граѓански активизам.
Начин на пријавување преку пополнување на електронска апликација достапна на линкот ТУКА:
Рок на пријавување до 17.04.2023 г.