Reaction to the circumstances in North Africa

Со голема тага и загриженост ги следиме несреќните настани во Северна Африка.
Земјотресот во Мароко и поплавите во Либија зедоа скоро еднаков број животи, а бројката на загинати е секојдневно во пораст. Дел од светот солидарно испрати тимови за спасување. За жал, илјадници семејства останаа без кров над главата.
Низ нашата земја секојдневно се обидуваа да мигрираат луѓе од овие подрачја, поради безбедносни или економски причини. Во иднина очекуваме таа бројка да се зголеми, а на причините да се надодаде факторот на климатските промени.
Климатските промени како фактор за миграција мора да се сфати сериозно и да се вметне како основана причина за барање азил на меѓународно ниво. Климатските промени ќе бидат сè почести, а како дел од нивните негативни последици ќе биде и зголемената миграција.

Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.