Statute

Согласно Законот за здруженијата на граѓани и  фондациите (Службен весник на Република Северна Македонија  бр. 52/2010, со последователни измени и дополнувања), Собранието на Здружението на граѓани за промовирање и заштита на културните и духовните вредности ЛЕГИС Скопје на својата седница одржана на 28/07/2009  година, го донесе следниот:

С Т А Т У Т

– на Здружението на граѓани за промовирање и заштита на културните и духовните вредности ЛЕГИС Скопје –

  1. ОСНОВНИ ОРЕДБИ

Член 1

Здружението на граѓани за промовирање и заштита на културните и духовните вредности ЛЕГИС Скопје е здружение на граѓани формирано врз основа на слободно изразена волја на неговите членови заради остварување на заеднички цели.

Член 2

Здружението на граѓани за промовирање и заштита на културните и духовните вредности ЛЕГИС Скопје е здружение на граѓани кое нема за цел остварување на политички активности, ниту пак ќе делува во интерес на одредена политичка партија.

Здружението на граѓани за промовирање и заштита на културните и духовните вредности ЛЕГИС Скопје (во понатамошниот текст: здружението) има својство на правно лице со права и обврски и одговорности кои ги има врз основа на Уставот, Законот за здруженија и фондации, останатите позитивни законски прописи и одредбите на овој Статут.

  1. НАЗИВ И СЕДИШТЕ

Член 3

Полниот назив на здружението гласи:

Здружение на граѓани за промовирање и заштита на културните и духовните вредности ЛЕГИС Скопје.

Скратен назив на здружението гласи:

Здружение на граѓани ЛЕГИС Скопје.

Член 4

Седиште на здружението е на ул. Цветан Димов бр 4/1-5 Скопје.

Член 5

Здружението има свој печат во тркалезна форма со опишан текст кој гласи:

Здружението на граѓани за промовирање и заштита на културните и духовните вредности ЛЕГИС Скопје.

  1. ДЕЈНОСТ, ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Основна дејност на здружението е:

94, 99 – Дејности на други организации врз база на зачленување неспомнати на друго место.

Член 6

Здружението ќе дејстува низ целата територија на Република Северна Македонија, за која цел може да основа и ограноци.

Огранокот на здружението е самостоен во организирањето и остварувањето на својата цел, во кординација со Претседателот на здружението.

Член 7

Општа цел на здружението е да придонесе кон изградба на правично, хумано и солидарно општество.

Посебни цели на здружението се:

  • заштита и унапредување на човековите права;
  • искоренување на сиромаштијата;
  • зголемено граѓанско учество,  како и вклучување на ранливите категории на лица и маргинализираните групи на граѓани во креирање на политиките и донесување на одлуките на локално, национално и регионално ниво;
  • промовирање на солидарност;
  • унапредување на соработката и интеракцијата помеѓу припадниците на различните заедниците и социјални групи во општеството;
  • изградба на свесна и активна младина која ќе ги предводи процесите на изградба на правично, хумано и солидарно општество.

 

  1. ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ЧЛЕНОВИТЕ

Член 8

Членови на здружението ги имаат следните права и должности:

  • активно да учествуваат во работата и одлучувањето;
  • да бираат и да бидат избрани во органите и телата;
  • да учествуваат во подготовките и реализација на проектните активности;
  • да даваат предлози и забелешки на работата на органите на управување;
  • да го чуваат угледот на здружението, да бидат редовно и навремено информирани за здружението и
  • други права кои им припаѓаат согласно закон и одредбите на овој Статут.

Член 9

Во здружението се обезбедуваат еднакви права и одговорности на здружените членови.

  1. ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ДРУШТВОТО И ПРЕСТАНОК НА ЧЛЕНСТВОТО

Член 10

Член на здружението може да биде секој граѓанин, државјанин на Р. Македонија, кој доброволно ќе потпише пристапница за членување во здружението и кој ќе ги исполнува следните услови:

  • редовно да плаќа чланарина,
  • да учестува во активностите на здружението,
  • да ги спроведува и оживува одлуките на органите на здружението.

Одлука за прием во членство донесува Претседателот на здружението, кој води и ажуриран на членови на здружението, кое истовремено се членови на собранието на здружението.

Член 11

Престанок на членството во здружението настапува:

  • со грубо кршење на дисциплината на одредбите од Статутот и другите акти на здружението;
  • неплаќање чланарина,
  • самоволно истапување,

Одлуката за престанокот за членството ја донесува Собранието на здружението.

  1. ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 12

Органи на здружението се:

  • Собрание;
  • Претседател;
  • Управен одбор.

 

6.1. СОБРАНИЕ

Член 13

Собранието е највисок орган на управуање на здружението.

Член 14

Собранието како највисок орган го сочинуваат сите членови на здружението.

Член 15

Собранието ги врши следниве работи:

  • ја утврдува општата политика;
  • одлучува за донесување, измени и дополнување на Статутот и другите општи акти на здружението;
  • донесува програми и извештаи за работа;
  • усвојува завршна сметка и финансиски план;
  • одлучува за промена на целите и задачите на здружението;
  • констатира прием и престанок во членство во здружението;
  • избира претседател на здружението, членови на управен одбор и членови на останатите тела на здружението;
  • одлучува за престанок на здружението.
  • одлучува за други прашања кои не се во надлежност на другите органи и тела на здружението.
  • врши и други работи од делокруг на своето работење.

Член 16

Собранието одлучува на седници.

Собранието може да постапува,  ако на седницата присуствуваат повеќе од половина од вкупниот број на членови, освен ако со Статутот не е поинаку определено.

Член 17

Седниците на Собранието ги свикува и со нив раководи претседателот на Собранието.

Во случај на спреченост на претседателот него го заменуваат заменик-претседател или член на собранието кој ќе биде избран да претседава со седницата на собранието, во постапка утврдена со Деловникот за работа на органите и телата на здружението.

Член 18

Вонредна седница на собранието се свикува на барање на Претседателот на здружението, управниот одбор или по писмено барање за вонредна седница потпишано од најмалку 1/3 од вкупниот број на членови на собранието.

Вонредна седница се закажува во рок не подолг од 30 дена од денот на приемот на уредно барање за одржување на вонредна седница.  .

Член 19

На собранието се одлучува со јавно гласање, доколку со овој Статут не е предвидено за определени прашања да се одлучува тајно, или доколку на барање на член  собранието одлучи гласањето по одредена точка од дневниот ред да биде тајно.

Секој член на Собранието има право на еден глас.

Член 20

Со Деловникот за работа на органите и телата на здружението поблиску е уредена постапката на постапување и одлучување на Собранието на здружението.

6.2. УПРАВЕН ОДБОР

Член 21

Управниот одборо се избира од редот на членовите на Собранието со мнозинство гласови.

Управниот одбор брои три членови.

Член 22

Управниот одбор се избира со мандат од две години со можност за продолжување на мандатот за уште две години.

Управниот одбор од своите редови избира:

  • претседател со мандат од 2 години,
  • заменик-претседател со мандат од две години,
  • благајник со мандат од 2 години.

Според потребите на работењето Управниот одбор може да именува и други лица.

Член 23

Управниот одбор ги има следните надлежности:

  • се грижи за спроведување на утврдената политика за развој на здружението;
  • ги утврдува предлозите на актите кои ги усвојува Собранието.
  • предлага програми и извештаи за работата.
  • управува со имотот на здужението.
  • одлучува за организацијата и начинот на изврушувањето на стручните, административно – технички и помошни работи за потребите на здружението.
  • донесува одлуки за набавка на основни средства.
  • одговарен е за извршување на финасискиот план на здружението;
  • одлучува орган по жалба во постапка за утврдување на дисциплинска одговорност;
  • врши други работи согласно закон и одредбите на овој Статут.

Член 24

Управниот одбор одлучува на седници.

Седниците на управниот одбор се одржуваат по потреба.

Своите одлуки Управниот одбор ги донесува со мнозинство гласови од присутните членови.

Член 25

Седниците на Управниот одбор ги свикува и со нив раководи претседателот на управниот одбор.

Во случај на отсуство или спреченот на претседателот на управниот одбор да присуствува на седницата, со седницата претседава заменик-претседателот на управниот одбор.

Со Деловникот за работа на органите и телата на здружението е детално уредена постапката на постапување и одлучување на управниот одбор.

 

Член 26

Управниот одбор за својата работа е одговорен пред собранието. Собранието може да го отповика целиот Управен одбор или поедини членови и пред истекот на мандатот, доколку оцени дека истите не ја обавуваат својата должност во согласност со одредбите на овој Статут, или закон.

Член 27

За извршување на својата работа Управниот одбор може да формира постојани и повремени комисии.

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 28

Претседателот на здружението е овластено лице кое го застапува и претставува здружението во правниот промет, пред надлежните органи и пред трети лица.

Член 29

Претседателот на здружението раководи со работата на здружението, одлучува за вработување во здружението, го застапува здружението при склучување на договори со трети лица и е во целост одговорен за материјално-финансиското работење на здружението, односно усогласеноста на работата на здружението со позитивните законски прописи и интерните акти на Здружението.

Член 30

Претседателот на здружението го избира Собранието на здружението со мнозинство гласови, со мандат од 2 (две) години.

  1. ЈАВНОСТ И ОТЧЕТНОСТ

Член 31

Здружението редовно ќе ја известува јавноста за реализираните активности користејќи ги средствата за јавно информирање, социјалните мрежи и дигиталните медиуми.

Дополнително, здружението ќе ја известува јавноста за работата на здружението преку периодични извештаи и публикации, а еднаш годишно ќе објавува и сумиран преглед на приходите и расходите на здружението по буџетски ставки.

  1. МАТЕРИЈАЛНО – ФИНАНСОВО РАБОТЕЊЕ

Член 32

Здружението своите материјално финансиски средстава за извршување на програмските цели, задачи и активности ги обезбедува преку:

  • приходи од спонзорства;
  • членарина од членство;
  • доброволни приходи од правни и физички лица;
  • донации од меѓународни институции;
  • донации од инстиуции во Република Северна Македонија;
  • други приходи што здружението може да ги оствари по разни основи.

Член 33

Здружението може да поседува движен и недвижен имот.

Управниот одбор може да донесува одлуки за стекнување, продажба, расходување, пренесување на други лица или давање под закуп на свој движен и недвижен имот.

Член 34

Здружението е должно во управување со средствата да превзема мерки за општествено и целесообразно користење, спречување на незаконитоста и други општествено негативни појави во користењето и располагањето со срдствата. Здружението одговоара за законитоста во работата во врска со распологањето со средствата.

  1. ПРЕСТАНОК НА РАБОТЕЊЕТО НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 33

Здружението престанува со работа:

  • со одлука на Здружението за бришење.
  • со одлука за престанок на Здружението донесена од Собранието со двотретинско мнозинство на гласовите од членовите што го сочинуваат Собранието.
  • Ако бројот на членови на здружението се намали под бројот определен за основање;
  • Ако Уставниот суд на Република Северна Македонија донесе одлука дека програмата и стаутот на здружението не се во согласнот со Уставот.
  • Ако се утврди дека здружението престанло со својата дејност и работа.
  • Во други случаи определени со законот.

Лицето кое го застапува здружението должно е за околностите од став 1 на овој член да го извести Централниот регистар во рок од 15 дена по нивното настапување.

Член 34

Упис на престанок на работа на здружението се спроведува во постапка утврдена со закон.

Член 35

Со одлуката за престанокот со работа на здружението, Собранието одлучува и за распределба на имотот и средствата што остануваат по намирување на обврските на здружението.

  1. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 36

Измени и дополнувања на овој Статут донесува Собранието на здружението на начин и постапка утврдена во овој Статут.

Член 37

Толкувања на овој Статут дава Собранието на здружението.

Член 38

Овој Статут влегува во сила со денот на неговото донесување а ќе се применува од денот на уписот во Регистарот на другите правни субјетки што се води во Централниот регистар на Република северна Македонија.

Член 39

Сите општи акти на здружението ќе се усогласат со одредбите на овој Статут во рок од 15 дена од денот на стапување во сила на овој Статут.

Скопје, 28/07/2009   година                                     ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО

Јасмин Реџепи

Share

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.