Претседателот на Легис, Јасмин Реџепи, ја посети Меѓународната фондација за човекови права и слободи, ИХХ. Тој беше примен од генералниот секретар д-р Дурмуш Ајдин, членот на управниот одбор Осман Аталај и координаторот за Европа и Америка Мариглен Шехи.
На средбата, претседателот Јасмин Реџепи изрази благодарност до партнерите за спроведувањето на хуманитарната помош во Газа, во најтешките услови со кои ние како човештво се соочуваме досега. Воедно, тој им врачи Благодарница во име на Легис и сите наши донатори.
Д-р Ајдн се заблагодари за довербата, за досегашната успешна соработка и изрази благодарност до сите наши донатори.
ИХХ е наш долгогодишен партнер во сите меѓународни хуманитарни мисии. Со нивна помош и логистика на терен, донациите на нашите граѓани и донатори беа реализирани во Газа, во форма на топли оброци и ифтари за време на Рамазан.
За време на Рамазан, со донации на нашите граѓани беа поделени 19177 ифтари/топли оброци во Газа.