Нашите дела и активности не би биле толку разновидни и успешни без несебичниот придонес од стотиците волонтери на кои сме биле домаќини досега. Нивната посветена и ентузијастичка работа придонесе кон нашата заедничка цел, помагајќи ни да обезбедиме хуманитарна помош и заштита на луѓето на кои им е потребна. Преку работата на волонтерите, ЛЕГИС ги зголеми и ги диверзифицираше своите активности во хуманитарната област.
Многу сме благодарни за секоја одвоена минута за несебична услуга и посветеност на заедничката кауза за помагање на луѓето во неволја!
Доколку сте заинтересирани да се придружите на нашите активности како волонтери, Ве молиме следете ги упатствата подолу.
ЛОКАЛНИ ВОЛОНТЕРИ (Македонија):
Ние секогаш ги охрабруваме луѓето од локалната заедница да се приклучат на нашите тимови. Персоналот на ЛЕГИС се состои од локални волонтери кои се најдоа во хуманитарниот сектор и беа охрабрени да продолжат со професионална кариера во оваа насока.
Ќе се обидеме да го обезбедиме целиот простор и насоки што можеби ќе Ви требаат за да се погрижиме Вашето почитувано време да го потрошиме на најдобар можен начин, притоа несебично да придонесеме кон нашата заедничка цел – помагање на луѓето кои имаат потребна. Вашите должности и одговорности, како и Вашиот личен развој во хуманитарниот сектор, ќе бидат уредени според Вашите вештини и способности, со оглед на Вашите желби за учење.
Доколку сакате да изразите интерес за приклучување во некоја од нашите мисии во Македонија, можете да ја пополните оваа апликација. По поднесувањето на апликацијата, ќе Ве контактира нашиот координатор за волонтери, со кој заедно ќе ги договорите деталите за вашата волонтерска услуга во ЛЕГИС според Вашата достапност и потребите на ЛЕГИС за човечки ресурси.
За ова искуство ќе ви требаат:
- Пополнет онлајн формулар за аплицирање
- Потпишана изјава за неосудуваност
- Потпишан Договор за волонтерска активност помеѓу Вас и ЛЕГИС
Вашето доброволно искуство ќе се заснова на Договор за волонтерска активност помеѓу Вас и ЛЕГИС. За Вашата услуга, ќе добиете Сертификат за волонтирање во кој ќе се наведе Вашиот дарежлив придонес во нашата мисија.
МЕЃУНАРОДНИ ВОЛОНТЕРИ (Остаток од светот):
Голем дел од работата на ЛЕГИС зависи од нашите меѓународни волонтери. Во текот на последните две години, бевме домаќини на повеќе од 150 меѓународни волонтери, кои работеа заедно со нашите локални тимови кон заедничка цел.
Ќе се обидеме да го обезбедиме целиот простор и насоки што можеби ќе Ви требаат за да се погрижиме Вашето почитувано време да го потрошиме на најдобар можен начин, притоа несебично да придонесуваме кон нашата заедничка цел – помагање на луѓето кои имаат потребна. Вашите должности и одговорности, како и Вашиот личен развој во хуманитарниот сектор, ќе бидат уредени според Вашите вештини и способности, со оглед на Вашите желби за учење.
Доколку сакате да изразите интерес за приклучување во некоја од нашите мисии во Македонија, можете да го пополните овој формулар за апликација. По поднесувањето на формуларот, ќе Ве контактира нашиот координатор за волонтери, заедно со кој ќе ги договорите деталите за Вашата волонтерска услуга во ЛЕГИС според Вашата достапност и потребите на ЛЕГИС за човечки ресурси.
На меѓународните волонтери кои доаѓаат од земјите на ЕУ, НЕМА да им треба волонтерска виза доколку нивниот престој и активност во Македонија е помал од 3 месеци. Ним ќе им треба Дозвола за волонтерство што ќе ја издаде Министерството за труд и социјална политика врз основа на Договорот за волонтерска активност потпишан со ЛЕГИС, две недели по официјалното барање на ЛЕГИС. Волонтер може да започне со својата активност само откако ќе ја добие Дозволата за волонтерство.
За подолготрајни ангажмани (повеќе од 3 месеци), на волонтерот ќе му биде потребна виза за волонтерство и дозвола за престој во Македонија, што е подолг и покомплициран процес. ЛЕГИС не превзема одговорност за покривање на трошоците при процесот на добивање на волонтерска виза во Македонија.
Меѓународни волонтери кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ: Ќе ви дадеме дополнителни информации по добивањето на формуларот за апликација.
За ова искуство ќе ви требаат:
- Пополнет онлајн формулар за апликација
- Потпишана изјава за неосудуваност
- Потпишан Договор за волонтерска активност помеѓу Вас и ЛЕГИС
- Дозвола за волонтерство (или волонтерска виза и дозвола за престој за волонтери кои престојуваат повеќе од 3 месеци, кои доаѓаат од ЕУ)
Ве молиме имајте предвид дека ЛЕГИС, во моментов, НЕ е во состојба да ви обезбеди сместување и надомест на патни и други трошоци за време на вашиот ангажман. Трошоците поврзани со активностите ќе бидат рефундирани само доколку претходно се одобрени од линискиот менаџер или координаторот на волонтери.
Вашето доброволно искуство ќе се заснова на Договор за волонтерска активност помеѓу Вас и ЛЕГИС. За време на Вашата услуга, ЛЕГИС ќе обезбеди внатрешна обука за ориентација, како и други внатрешни обуки релевантни за работа во хуманитарниот сектор по потреба и доколку се достапни. За Вашата услуга, ќе добиете Сертификат за волонтирање во кој ќе се наведе Вашиот дарежлив придонес во нашата мисија.