Работна посета на Тинеке Стрик (Европски парламент) и тимот на Легис

 

Во текот на вчерашниот ден (03.04.2024 г.) во канцеларијата на Легис во Скопје, нашиот тим
претставуван од страна на Мерсиха Смаиловиќ и Јасмина Голубовска оствари работна средба со
Европската Парламентарка Тинеке Стрик ( партија- Група на зелените/ Европска Слободна
Алијанса) и членовите на нејзинито тим Аријан Анабел Бовенберг и Рубен Робенсом.
Главна тема на работната посета беа миграции и хуманитарната бегалска криза на јужната и
северната граница на државата. Ја презентиравме работата на нашите тимови кои се работат на
терен во пограничните транзитни центри за прифат на бегалци во Винојуг- Гевгелија и Табановце-
Куманово, како и пристапот до човекови права и заштита на бегалци и луѓе во миграција.
Имајќи ја предвид работата на Тинеке Стрик во областа на миграции, разменивме информации и
идеи за подобрување на прифатот на луѓето во миграција и бегалци во пограничните центри и
разговаравме за проблеми во врска со повреди на човекови права и присилни враќања. Исто така
ја претставивме нашата работа и извештаи во врска со мониторирање и документирање на
миграциските текови од почетокот на кризата во 2015 г.

Дополнително, на средбата се фокусиравме и на присилните враќања во последните два месеци
на северната граница со Србија и враќањата на јужната граница со Грција и улогата на Фронтекс на
оваа граница.
Како организација која ги застапува правата на бегалците и луѓето во миграција, искрено ме
задоволни од посетата на европската парламетарка Стрик и продлабочување на соработката во
иднина.

Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.