Народен правобранител + Национален превентивен механизам

Народен правобранител + Национален превентивен механизам

Во септември 2016 година, Легис потпиша Меморандум за разбирање со Националниот превентивен механизам кој функционира во рамките на Канцеларијата на Народниот правобранител (НПМ).

Оваа официјална соработка овозможи експерти од ЛЕГИС да бидат инкорпорирани во таканаречениот механизам Омбудсман+.

Меморандумот служи како правна основа за експерти од НВО да го придружуваат Народниот правобранител за време на неговите најавени и ненајавени посети на институциите во кои се задржуваат и/или сместуваат бегалци и мигранти (прифатни центри и азиланти).

Целта на механизмот Омбудсман+ е да обезбеди препораки до релевантните институции во однос на пристапот до правата и спречувањето на тортурата на бегалците и мигрантите во притворните и прифатните центри.

Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.