Хуманитарната помош од Македонија пристигна во Газа!

Хуманитарната помош од Македонија пристигна во Газа! 🇲🇰 ❤️ 🇵🇸
Почитувани сограѓани и благородни донатори, сите вие кои вашите болка и тага ги преточивте во донација преку хуманитарната акција на Легис за Газа, денес ви носиме радосна вест: вашите донации пристигнаа во Газа!
Во консултација со нашите доверливи партнери од Турција кои се на терен, се согласивме дека најургентните потреби во моментов за населението во Газа е храната.
Затоа Легис зеде учество во конвојот со хуманитарна помош од храна, кој преку Рафах влезе во јужниот дел од Газа, каде што се продолжи работата на кујната за приготвување и дистрибуција на топли оброци.
Во името на хуманите граѓани од Македонија беа зготвени и поделени 3000 топли оброци за цивилното население во јужниот дел од Газа.
Благодарејќи на вашите донации, грижи и молитви, успеавме да ја завршиме оваа наша прва заедничка акција во толку тешки воени услови.
Ова не е крај на нашата хуманитарна акција за Газа. Ние продолжуваме и понатаму со ваша помош и поддршка!
Бидете од оние кои се постојани во солидарноста и донирањето за да нахраниме што повеќе внатрешно раселени лица во Газа.
Нивните потреби се огромни, нашите можности се скромни но остварливи! Да не потценуваме ниту еден денар, бидејќи секој оброк е битен, секој спасен живот е битен!
Донирајте на:
270-0650443401-60 Халк Банка

Share

Popular Posts
Social Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.